„Здраво стареење преку спорт“ е проект кој промовира рекреативни спортски активности за постари лица (55+). Спортските активности ќе ги одржуваат искусни спортисти и ќе го следат словенечкиот пример на вежбање. Сите учесници ќе имаат можност да присуствуваат на теоретски работилници и да научат повеќе за бенефитот од редовното вежбање. Овие рекреативни активности ќе се одржуваат на отворено,во парковите во општина Центар,Скопје. Бенефитот од физичките активности е превенција од остеопороза, превенција од дијабетис, кардиоваскуларни заболувања, рак, згоеност, подобрување на координацијата и балансот, подобрување на душевното здравје, подобрување на сонот, благостостојбата и виталноста. Овој проект е поддржан од страна на Општина Центар,Скопје.