Проектот „Обединети преку спортот“ е иницијатива во траење од 10 месеци, имплементирана на национално ниво со цел создавање на национална мрежа од 25 спортски лидери од цела Македонија. Лидерите,кои се еминентни спортски промотори во нивните заедници, се обучени да развијат акциски план на три теми како што се унапредувањето на жените преку спортот, социјална инклузија на маргинализирани групи преку спортот и градење на мирот и решавање на конфликти преку спортот. Притоа, ќе биде организиран единствен Спортски фестивал за социјална инклузија и ќе се објави прирачник за зголемување на учеството на девојките во спортот. Овој проект е имплементиран во партнерство со Амбасадата на САД

United through Sport