Здружението за унапредување на меѓусебната доверба ТАКТ и здружението СОЛИС од Скопје, со задоволство Ве покануваат на првото издание на Скопскиот спортски фестивал.
Фестивалот кој е поддржан од Американската амбасада во Скопје и Агенцијата за млади и спорт, се организира по повод Денот на планетата земја и ќе се одвива во Градскиот парк кај Школка на 04.05.2018 година (петок), со почеток во 16:30 часот.
Истиот ќе понуди спортско рекреативни активности за целото семејство, со посебно предвидени зони во децата кои ќе имаат прилика да учествуваат во забавни полигони и традиционални игри, додека возрасните за тоа време ќе можат да се информираат за сите спортски можности и случувања од Скопје и пошироко, понудени на едно место преку саемот за спорт во склоп на фестивалот. Исто така, на фестивалот ќе се презентираат успешни спортски приказни и практични вежби, меѓу кои и мини маратон од 1 км. Во втoриот дел од денот ќе бидат проектирани документарни филмови на тема качување на карпа и активности во природа како дел од филмската турнеја ReelRock12.