ТАКТ заедно со локалната мрежа за Спорт за Развој во Крива Паланка, а поддржано од Германското Друштво за интернационална соработка ГИЗ, на 15ти април беше започнат шестмесечниот проект “Спорт за Сите”. Целта на проектот “Спорт за Сите” е да се подобри социјалното вклучување на маргинализираните млади во Крива Паланка преку зголемување на нивниот пристап до спортски објекти во градот. Во овој проект како алатка се користеше спортот за да се постигне инклузија на деца и млади од маргинализирани групи кои живеат на територија на општина Крива Паланка. Главната цел на оваа акција е да се помогне во стекнувањето вештини за социјално вклучување преку спорт и да се промовира градење на мир, пријателство, соработка и инклузивни вредности на сите нивоа на општеството.

Проектот претставува серија на планирани и структурирани активности со цел да се промовира идејата за Спорт за сите (спорт за социјална инклузија) и да се приклучи кон локалните училишта, спортски клубови, грас рут движења и младински организации на локално и национално нивo.

Проектот создаде одржлива база на обучувачи, ментори, млади лидери кои го искористија своето знаење и го инкорпорираа во нивните училишта, клубови и младински центри. Урбаните спортски места за социјално вклучување ги заживеаја заборавените спортски структури кои ќе се трансформираат во одржливи спортски локации за сите млади во градот. Овој проект ја нагласи моќта на спортот како алатка за трансформирање на заедниците и на луѓето на подобро.