Во скопското средно училиште “Орце Николов”, ја одржавме втората од серијата на работилници за промоција на родова еднаквост во спортот. Со ученичките дискутиравме во врска со придобивките од спортувањето и за позитивната улога на спортот во личниот и професионалниот развој. Девојките имаа прилика да се запознаат со примерите на успешни спортистки од Македонија, кои претставуваат инспирација за помладите генерации да се занимаваат со спорт. Оваа работилница е дел од проектот “Зајакнување на девојки преку спорт” поддржан од Амбасадата на Холандија во Македонија.

[smartslider3 slider=”17″]