Вчера во основното училиште ,,Тошо Арсов” во Штип, се одржа работилницата на тема родова еднаквост во спортот, прикажана преку спорт за развој методологијата. Девојките и момците кои учествуваа, се запознаа со сите придобивки од спортувањето и важноста од креирање на култура на еднаквост и рамноправност на спортските терени.
Овие практични сесии се дел од проектот ,, Да бидеме фер, да бидеме еднакви” поддржан од British Embassy Skopje, со цел да се подигне свеста за родовата еднаквост и да се промовира спортот како алатка за зајакнување на девојките.