Идејата на проектот „Вклучување на Ромите преку спорт“ е да промовира социјална вклученост, еднакви можности и да поттикне подигнување на свеста за неповолноата положба на ромското малцинство преку образованието засновано на спорт. Целите на проектот се подигување на свеста за важноста на физичката активност за подобрување на здравјето преку иновативна меѓусекторска соработка; зајакнување и градење капацитети на спортските клубови, младинските организации, граѓански организации чија цел е развивање и испорачување активности засновани на спортот, а кои таргетираат сиромашно население, особено млади Роми. Понатаму овој проект се однесува и на собирање, класифицирање и промовирање на европските добри практики во областа на социјалната инклузија преку спортот и развивање на спортско-образовна методологија која ќе биде достапна и во прирачник за понатамошно користење. Исто така, во рамките на овој проект ќе се обучат тренери, младински лидери и вработени во невладини организации со неопходното знаење за реализирање на интервенции засновани на спорт, наменети за сиромашни целни групи, како што се младите Роми. Овој проект е поддржан од Еразмус +.