Уметничките активности претставуваат важен дел во справувањето со хуманитарните кризи, како што се тврди во неколку интернационални иницијативи во светот. Проектот Креативни и спорстки активности за мигрантите во Македонија беше имплементиран со цел придонес кон подобрување на психосоцијалната состојба на мигрантите во транзит центрите во Македонија. Ние го земавме во предвид фактот што имплементацијата на физичката и уметничката иницијатива го подига моралот, ги спречува конфликтите и штетното однесување во камповите, придонесува кон чувството на моќ и успешно ги надминува тешкотиите и проблемите со кои мигрантите се соочуваат секојдневно. Во проектот во времетраење од пет месеци тимот на ТАКТ организираше креативни работилници со жонглери, цртање, работа со глина, музика како и спортски активности со физички активности и спортски игри.

Solidarity for migrants