ЗУМД ТАКТ. – објавува конкурс за ангажирање на еден експерт за спорт за развој во рамки на приектот „Спорт за сите“, поддржан од ГИЗ,

Ангажманот се однесува за периодот  од 01.08.2020 до 15.12.2020 година.

 Кандидатките и кандидатите кои ќе бидат земени предвид треба да ги исполнуваат следните квалификации и вештини:

Квалификации:

  • завршено високо образование
  • одлично познавање на англиски јазик
  • државјанство на Република Македонија
  •  

Вештини:

  • Повеќе годишно искуство за водење на обуки на тренери
  • Посетено повеќе од 5 обуки за Спорт за развој
  • Искуство во организирање на обуки за спорт за развој

За работното место предност ќе имаат кандидатките и кандидатите со претходно искуство:

  • во методологијата спорт за развој и невладинот секор
  • за работа со големи групи млади и воздрасни

Најдоцна до 26 Јули 2020 (недела), заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:

– биографија (во која јасно посочуваат кон бараните квалификации и вештини)

– писмо за мотивација

Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат 2 дена по затворање на конкурсот.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за локален координатор на активности можете да ги доставите на следниов начин:

По електронска пошта: information.takt@gmail.com