Во опуштена и пријатна атмосфера помина првата вечер на инспиративни спортски приказни која започна со поздрав од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Имавме чест да ги слушнеме личните животни и спортски приказни на истакнатите спортистки од Битола: Гордана Цветковска-Бошевска, Оливера Наковска-Бикова, Билјана Чурлевска-Маневска и Ана Котевска, кои раскажаа за своите искуства и начинот на кој ги оствариле своите високи спортски резултати. Исто така, зборуваа и за предизвиците и потешкотиите кои ги имале во спортот и нивната посветеност и истрајност кон исполнувањето на целта. Настанот е дел од акцијата наречена “Жени лидерки во спортската индустрија” поддржан од Амбасадата на Франција во Македонија. Почесна гостинка на овој настан бeше Каролин Потел Златевска, директорка на Француска алијанса Битола.