ЗУМД ТАКТ. – објавува конкурс за ангажирање на еден графички дизајнер во рамки на приектот „ Млади и развој на вештини за вработување “, поддржан од ГИЗ,
Ангажманот се однесува за периодот од 15.06.2021 до 15.12.2021 година.
Кандидатките и кандидатите кои ќе бидат земени предвид треба да ги исполнуваат следните квалификации и вештини:
Квалификации:
- завршено високо образование или соодветен курс за графички дизајнер
- одлично познавање на англиски јазик
- државјанство на Република Македонија
Вештини:
- Повеќе годишно искуство во работа како графички дизајнер
За работното место предност ќе имаат кандидатките и кандидатите со претходно искуство:
- во работа со невладини организации
Најдоцна до 14 Јуни 2021, заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:
– биографија (во која јасно посочуваат кон бараните квалификации и вештини)
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат 2 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за графички дизајнер можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: information.takt@gmail.com