Во рамки на проектот Спорт за сите поддржан од Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, ЗУМД објавува повик за Обука на тренери за спорт за развој за сите заинтересирани лица од Општина Крива паланка и околните средини.

За кого е наменета оваа обука? 

  • За сите спортски работници, тренери, наставници по физичко образование
  • За сите оние кои се одговорни кон себе и сакаат да напредуваат
  • Секој кој што е  мотивиран да излезе да ги надмине ограничувањата и предрасудите во општеството.

Што се очекува од тренерите по завршувањето на обуката?

  • Да работат директно со децата од руралните средини во Крива Паланка
  • Да спроведуваат работилници по методологијата спорт за развој
  • Стекнатото знаење да го спроведуваат и на нивното работно место

Кога?

Од 13ти до 15ти Август 2020 година.

Каде?

Берово/Маврово

Колкав е бројот на учесници на обуката?

Местата се ограничени

Доколку сте заинтересирани испратете е-меил со ваши податоци и телефонски број на   dimitrovska.irena@yahoo.com

*Сместувањето на база на полн пансион како и превозот до местото каде што ќе се одржува обуката е обезбедено од страна на ЗУМД ТАКТ во целост.

*Приоритет ќе имаат спортските работници кои се дел од локалните партнерства за спорт за развој

*По завршување на тренингот ќе се стекнете со потребното знаење и  вие понатаму  ќе можете да работите со овие специфични групи и направете позитивна промена.