ЗУМД ТАКТ – објавува конкурс за ангажирање на локален координатор/ка на проектот „Спорт за сите“ во општина Крива Паланка, поддржан од ГИЗ, од 01.08.2020 до 15.12.2020 година.

 Кандидатките и кандидатите кои ќе бидат земени предвид треба да ги исполнуваат следните квалификации и вештини:

Квалификации:

  • завршено високо образование
  • најмалку двегодишно работно искуство на позиција координатор на проект
  • искуство во проект со единиците на локалната самоуправа
  • одлично познавање на англиски јазик
  • одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft office)
  • државјанство на Република Македонија

Вештини:

  • сертицифициран тренер за спорт за развој
  • изградени вештини за административна работа, организирање на активности и подготовка на наративни и финансиски извештаи
  • вештини за комуникација и соработка со донесувачи на одлуки
  • ефикасна организација на работното време и исполнителност
  • изградени способности за тимска работа

За работното место предност ќе имаат кандидатките и кандидатите со претходно искуство:

  • во методологијата за спорт за развој
  • во проекти за заштита од дискриминација на маргинализирани групи на граѓани

Најдоцна до 26 Јули 2020 (недела), заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:

– биографија (во која јасно посочуваат кон бараните квалификации и вештини)

– писмо за мотивација

Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат 2 дена по затворање на конкурсот.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за локален координатор на активности можете да ги доставите на следниов начин:

По електронска пошта: information.takt@gmail.com