Во рамките на Европската недела на спортот, поддржана од Агенцијата за спорт и млади, во просториите на хотел Александар Палас се одржа тркалезна маса на тема „Промоција на женскиот спорт во Р. Македонија”. Учество земаа претставнички од работната група за родова еднаквост, претставнички од национални федерации, од АМС и од Град Скопје. Оваа средба е прва од серијата на состаноци кои имаат за цел да идентификуваат мерки и активности со цел унапредување на родовата еднаквост во спортот.