Во рамките на проектот „Жени лидери во спортската индустрија“ кој е поддржан од Француска амбасада во Р. Македонија, ТАКТ ќе реализира серија на работилници на тема претприемништво и раководење со граѓански спортски организации.

Првата од серијата на три работилници се одржа на 12.09.2017г. во просториите на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје. Темата беше “Mожности за развој на спортски идеи и активности преку невалдиниот сектор”, а ја предводеше Магдалена Спасовска.

[smartslider3 slider=”13″]