Националната мрежа на спортски лидери ги презентираше своите акциски планови на дводневната работилница во Охрид, која се одржа на 20ти и 21ви септември. Акциките планови се поврзани со поттикнување на родова еднаквост во спортот, социјална инклузија на маргинализирани лица преку спорт и решавање на конфликти и градење на мир преку спортски активности, а презентациите поминаа во одлична атмосфера. Сите претставени спортски идеи беа креативни и особено значајни за постигнување на општествена промена во различни заедници ширум Македонија.