[smartslider3 slider=”27″]

По првиот успешен настан во Битола, се случи и втората Вечер на инспиративни спортски приказни во организација на ТАКТ, овој пат во Куманово. На 13.12.2017та во Занаетчискиот дом во Куманово, а во соработка со Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт од Куманово се собраа истакнати кумановски спортистки. Тие ги споделија своите лични и инспиративни приказни за издржливоста и храброста во надминување на предизвиците и бариерите со кои се соочиле во текот на градењето на своите спортски кариери. Исто така, на помладите генерации им порачаа да се занимаваат со спорт, професионално или рекреативно, бидејќи спортот е алатка преку која ќе се изградат во цврсти и успешни личности и ќе се стекнат со позитивни особини кои ќе им служат во текот на целиот живот.

Имавме чест и задоволство да ги слушнеме:

  • Анита Величковска (Велосипедизам)
  • Матеја Ефремовска (Атлетика)
  • Наташа Младеновска-Ѓорѓевич (Ракомет)

Настанот е дел од проектот “Жени лидерки во спортската индустрија” поддржан Амбасадата на Франција во Македонија.

https://www.facebook.com/TAKT.ngo/videos/1943353435914427/
Инспиративни спортски приказни