Минатата недела во Маврово се одржа првиот семинар на тема „Родови перспективи: Унапредување на родова еднаквост во спорт“ предводена од Хенри Ивон од Вомен Вин, интернационална организација која е глобален лидер во унапредување на родовата еднаквост во спортот и зајакнување на млади преку спорт.
Преку иновативната LEGO Serious Play методологија, учесниците ги дефинираа најчестите бариери и предизвици со кои се соочуваат младите девојки при учество во рекреативен спорт како и бариерите кои се однесуваат на ниската застапеност на жени на раководни позиции во спортскиот сектор.