На 1ви јуни во Скопје, ТАКТ ја организираше првата Национална Конференција „Жени во спортот“. Конференцијата беше поддржана од страна на UN Women, Амбасадата на САД во Македонија, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и спортскиот бренд DiBiaggio. Панелисти на оваа конференција беа еминентни жени спортистки, претставници од невладиниот сектор и спортски едукатори. Учесниците разговараа за предноста на родовата еднаквост во спортот, залагање за поголема вклученост на жените во спортот и повеќе лидерски позиции на жените во спортските институции.

[smartslider3 slider=”7″]